Никој не смее да снима во судница, дури ни полицијата

by fokus

Адвокатот Звонко Давидовиќ, кој со години има искуство во судски предмети анализира дека припадник на МВР не смее да внесе ни оружје во судот, ниту пак камера да снима.

– Се знае кој издава дозвола за снимање во судница, тоа е Врховниот суд, а се однесува на новинарите, снимателите и фоторепортерите. Припадници на МВР нема што да бараат во судница и да снимаат. За спроведвањето и обезбедувањето на обвинетите е задолжена затворската и судската полиција, кои се под надлежност на Министерството за правда, а не под МВР. Службеници на МВР може по барање на судот да го озбедуваат објектот надвор, но никаков внатре. Никој не може да дада дозвола на МВР да влезе и да снима во судница, ниту претседателот на судот, никој – вели Давидовиќ.

Тројца припадници на МВР денеска неовластено го снимаа  рочиштето за случајот „Фабрика за афери“ во кој првообвинет е Захир Беќири, познат по прекарот Чауш и предизвикаа скандал во судницата. Тие престанаа со снимањето, по жестоката реакција на судијката Гордана Спиревска, која им нареди да ги избришат снимките.

Поврзани новости