Вработените од Еурокомпозит поставија шатори пред Влада: Анѓушев не тера уште шест месеци да работиме без придонеси

by fokus

Откако се изредија сите синдикати кои денеска протестираа пред Влада, вработените од прилепски Еурокомпозит поставија шатори пред владината зграда каде ќе останат да кампуваат.

Тие порачаа дека Владата само им ветувала решавање на нивниот проблем, но уште ништо од тоа.

Еден од транспарентите гласи: „Европо, Анѓушев не тера уште шест месеци да работиме без придонеси. Парадокс.“

Поврзани новости