Вработените на Кочан го „заробија” Хан, бараат правда за бизнисменот во бегство

by fokus

Еврокомесарот Јоханес Хан не можеше да излезе од зградата на Мисијата на ЕУ во Скопје, поради протестот на вработените од компаниите на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан, кој цели две недели е во бегство, откако судот му одреди 30 дена притвор за случајот „Труст” на СЈО.

Како што јави репортерот на СДК.мк, демонстрантите ја блокирале раскрсницата со камиони на „Трансмет“, градежна компанија на Кочан, застанаа пред службениот автомобил со кој требаше да си замине Хан на средби во Собранието на Македонија.

Додека полицијата се натегаше со демонстрантите, Хан беше извлечен од задниот влез на Мисијата на ЕУ и со друго возило замина кон Собранието.

Фото: Мета.мк

Поврзани новости