ДПМНЕ со шест, СДСМ со пет пратеници во Комисијата за избори и именувања

by fokus

По час и половина, координитивната седница во Собранието беше прекината, откако партиите успеаја да се договорат за составот на Комисијата за избори и именување.

Поточно, партиите договоиле паритетна застапеност, односно шест члена од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и по еден член од ДУИ и од БЕСА.

Кординацијата ќе продолжи во 15:30 кога пратеничките групи ќе треба да соопштат кои имиња од своите редови ќе.седнат во комисијата, на која ќе треба и да се закаже конститутивната седница на Собранието.

Засега останува спорно името на претседавачот на комисијата.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата е предуслов за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница, а прв чекор ќе биде избор на нов претседател на Собранието.

Поврзани новости