433
Во рамките на програмата за одбележување на „Денот на даночниците“, вработените во Управата за јавни приходи ќе даруваат крв во понеделник на 15 пунктови низ Македонија и ќе донираат хуманитарен прилог во ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца – Битола“.
Настанот се реализира во рамките на програмите за општествена одговорност на УЈП и за одбележување на Денот на даночниците.
„Поттикнати од желбата да покажеме поинаква одговорност и да дадеме свој придонес кон заедницата и кон најранливите групи на кои помошта им е најпотребна“, велат од Управата.