Вработени во службата на Лекарска комора се заразиле со Ковид на свадба

by Frosina Fakova

Двајца вработени во административната служба на Лекарската комора се позитивни на Ковид-19. Од Комората за „Фокус“ велат дека вработените, кои не се лекари, не се заразиле на работното место туку на свадба, додека користеле годишен одмор.

Иако вработените се заразиле на одмор, во соработка со Центарот за јавно здравје – Скопје направена е епидемилошка анкета, тестирани се сите вработени и сите тестови се негативни. Нема прекин во работата на Комората.

Поврзани новости