Вработена во Домот во Битола врзала дете за кревет

by Фокус

Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за време на работа во алкохолизирана состојба врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила, констатирал Народниот правобранител, постапувајќи по предмет по сопствена иницијатива по непосреден увид во установата.

Омбудсманот соопшти дека во разговор со директорот и правникот на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца Битола, како и увид во целокупната документација изготвена по повод настанот, наводите се потврдени, констатирано е дека вработената била во алкохолизирана состојба и дека едно од децата било во вреќа за спиење, која била врзана за кревет, со што детето било оневозможено да се движи.

Од страна на раководството на установата преземени се соодветни дејствија и отпочнати се постапки кон вработената, поради таквото постапување.

Според Народниот правобранител, кој како орган посебно води грижа за заштита на правата на децата како ранлива група, со ваквиот однос на вработената се повредени повеќе членови од ратификуваните меѓународни конвенции.

Поврзани новости