ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ: Глави, црева од заклани животни во Визбегово

by fokus

Не престануваат насилствата врз животните. Откако денеска беше бојадисано маче со жолта боја во Прилеп, на социјалните мрежи се појавија нови фотографии, кои се со вознемирувачка содржина.

Како што инфомрираат од Анима Мунди, овие утроби, нозе, глави, црева од заклани животни се наоѓаат во Визбегово.

„Во држава во која казна се добива за продавање на зеленчук на улица, но не и за мачење и колење на животни по јавни површини – паркови,  дворови и пред очи на сите – ова е реалноста со која се соочуваме! Потребен ли е посебен повик за институциите?“, велат од Анима Мунди.

Поврзани новости