Возилата на БРАКО се дел од програмата за јаглеродна неутралност во британски Западен Сасекс

by fokus

Рачно управуван електричен модел на Грин Машинс на БРАКО наменет за одржување хигиена во урбани средини е испорачан во округот Хоршам во областа Западен Сасекс во Обединетото Кралство.

„Не само што ќе се подобри квалитетот на воздухот при одржувањето на хигиената, туку и ќе се намали бучавата, што е особено важно за жителите во центарот на градот бидејќи овие возила работат во раните утрински часови“, изјави Џеј Мерсер, советник во Советот на округот Хоршам, задолжен за животна средина, рециклирање и отпад.

Моделот GM 400 ZE на Грин Машинс на БРАКО има и најсовремен систем за рециркулација на воздухот со што три пати повеќе спречува создавање прашина при чистењето и за три пати е зголемена ефикасноста за собирање на штетни честички.

Советот на округот Хоршам има поставени високи цели за јаглеродна неутралност до 2030 година, пришто сметаат дека електричните возила од овој тип може многу да придонесат за тоа.

Електричните возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО, со нула штетни емисии во воздухот, во светот се препознаени како одлично решение за еколошка и чиста животна средина.

ПР текст

Поврзани новости