Возач на камион усмрти 12 годишно девојче

by Фокус

Тешка сообраќајна несреќа се случила околу 15.30 часот во скопската населба Влае. Камион удрил во девојче кое, според првичните информации, починало на местото на несреќата. Попладнево истражните органи вршеа увид за да утврдат како дошло до трагедијата.

Очевидците на настанот за некои медиуми изјавиле дека девојчето има околу 12 години. Во текот на вечерта може да има повеќе информации за настанот.

Поврзани новости