392
Четириесет и осумгодишен скопјанец е тешко повреден, откако синоќа со камион удрил во надвозник на автопатот Миладиновци -Штип кој е во изградба.
-На 24.11.2018 година околу 18,40 часот на автопат А4 во изградба Миладиновци-Штип, кај надвозникот за с.Крушица, се случила сообраќајна незгода во која Г.Г.(48) од Скопје, управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки удрил во надвозникот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Г.Г., кој бил пренесен во Ургентен центар -Скопје.Увид на лице место извршила екипа на ПС-Свети Николе, информираат од МВР.