Вооружен напад пред парламентот во Лондон – едно лице убиено, десетици ранети

by fokus

Една жена почина, а десетици се повредени во вооружен напад што денеска се случи пред британскиот парламент во Лондон, а за кој полицијата се сомнева дека е терористички напад.

Еден полицаец беше прободен со нож од напаѓачот, кој потоа беше застрелан од полицијата.Напаѓачот погодил неколку пешаци додека се возел со автомобил преку мостот, пред да удри во оградата.

Доктор од болницата „Сент Томас “, изјави дека се повредени голем број на други луѓе, од кои некои со” катастрофални “повреди.

По нападот, британскиот парламент беше затворен.

Поврзани новости