СДСМ: Груевски и ВМРО – ДПМНЕ се опозиција, Македонија ќе добие реформска влада

by fokus
Нема право Груевски со тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да ја продлабочува
политичката криза и да ги кочи перспективите на граѓаните и европската иднина на
Македонија, само затоа што тој не успеал да формира Влада и се плаши од

одговорноста за направените криминали и злодела, порачува партијата на Зоран Заев.

Волјата на граѓаните е изразена на кредибилни избори реализирани на 11 декември, потсетува СДСМ и вели дека изборите му одговараа на Никола Груевски додека се обидуваше да состави Влада, кога ги прифатил сите барања на албанските партии, освен работата на СЈО, како што е јавно соопштено од преговарачите.

„Македонија мора да оди напред и ќе биде правна држава во којашто правото и правдата ќе важат подеднакво за сите. Низ демократски процес е формирано новото парламентарно мнозинство кое што е составено од 67 пратеници. Тие пратеници ја претставуваат волјата на 700.000 граѓани! Мора да се почитува реалноста, а тоа е новото мнозинство во Парламентот. Согласно тоа ќе мора да течат процесите на формирање на парламентарните тела, изборот на нов претседател на Собранието и доделувањето мандат за состав на новата Влада на претседателот на СДСМ Зоран Заев“, велат социјалдемократите.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција. Демократските процеси се незапирливи. Ќе
се формира новата реформска Влада, порачува СДСМ.

Поврзани новости