Вонредна состојба во Лузијана, ураганот Бери ќе удри за неколку часа

by fokus

Тропската бура Бери премина во ураган од категорија 1, и полека се доближува до брегот на американската сојузна држава Луизијана, каде се очекува да удри во утринските часови. Ветрот веќе дува со јачина од 120 километри на час, а поради бурата без струја се сто илјади домаќинства, полавени се и автопатите. Околу 3.000 припадници на американската Национална гарда со чамци, теренски возила и хеликоптери пристигнаа во Луизијана, каде ќе помогаат при евентуални спасувачки акции.

Властите во градот Њу Орлеанс ги предупредија луѓето да се подготват за налетот, да го осигураат имотот, и да се снабдат со залихи од храна и вода.  Тука се стравува да не се повторат големите поплави кои се случија по ураганот Катрина во 2005-та, кога загинаа 1.800 тини луѓе.

  • Ова ќе биде голем врменски настан кој ќе зафати голема површина од Луизијана. Како ги добиваме информациите, стануваме се позагрижени, ќе следува пороен дожд во целата држава. Можни се врнежи кои би достигнале 25 до 38 см., а локално и со повсоки вредности, во некои изолирани делови. Најмногу врнежи се очекуваат од петок до недела наутро., предупреди гувернерот на Луизијана.
  • Времето е кратко. Ако треба да довршите некои подготовки, сега е времето. Немате многу време пред да пристигне ударот на Бери, вели Бенџамин Шот, од Националната станица за метеорологија.

Над 300 луѓе се веќе евакуирани од ризичните подрачја. А туристичките агенции јавија за ненадеен туристички егзодус. Во Луизијана од вчера е прогласена вонредна состојба. Локалните власти соопштија дека 48 часовниот пороен дожд би бил премногу за пумпите кои ја собираат водата од улиците.

Поврзани новости