534
Советот на Град Скопје денеска во 14 часот ќе одржи вонредна седница на која ќе биде разгледана информација во врска со невремето што вчера го погоди градот и околината.
Според информации од МВР, досега има 15 жртви и тоа во Арачиново и областа, Сингелиќ и Стајковци како најпогодени места од невремето.
Вчерашното невреме е незапаметено во поново време во Скопје и околината. Неколку часови беснееше вистинска бура, со поплавеми улици, откорнати дрвја, свлечишта.
Најлошо е во околните села и населени места на Скопје.