Вонреден инспекциски надзор по смртта на 41-годишната пациентка од Штип која почина од Ковид-19

by fokus

Министерството за здравство соопшти дека во врска со 41- годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.

Директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Георгијев, како што се посочува, исто така побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.

По завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана, истакнуваат од Министерството за здравство.

За инспекцијата информираше и министерот за здравство, Венко Филипче. Ќерката на починатата, преку објава на социјалните мрежи бараше одговори од министерот, бидејќи како што пишува иако нејзината мајка барала, не добила соодветна медицинска помош.

Поврзани новости