Воен хеликоптер се урна на Крим, загинаа двајца руски пилоти

by Fokus

Руското Министерство за одбрана денеска објави дека воен хеликоптер се урнал за време на тренинг лет во регионот Џанкој, на Крим. Загинаа двајцата пилоти, пренесува ТАСС.

Руското Министерство за одбрана посочи дека прелиминарната причина за несреќата е дефект на опремата.

На местото на несреќата е испратена комисија од Главната команда на руските воздушни сили со цел да се расветлат сите причини и околности за несреќата.

Ми-28 е советски и руски хеликоптер дизајниран да бара и уништува тенкови и други оклопни возила, како и воздушни цели со мала брзина.

Поврзани новости