Водата во Струга забранета за пиење

by fokus 19:34
19:34

Веќе трет ден стружани не смеат да пијат вода од чешмите поради нејзината заматеност. Анализите на водата за пиење извршени од Центарот за јавно здравје од Охрид покажале дека матноста е сè уште над законски дозволеното ниво.

„И денешните контролни анализи на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот резидуален хлор (дезинфекционо средство) и матност, што ги изврши Центар за јавно здравје Охрид покажаа дека водата од градскиот водовод содржи доволно количество на дезинфекционо средство (резидуален хлор), но матноста е сеуште над законски дозволената и прописана вредност. Тоа значи дека водата од градскиот водовод во Струга и натаму не е здравствено безбедна за пиење. Состојбата постојано се следи и јавноста ке биде известена кога состојбата со квалитетот на водата ќе се нормализира”, вели Сашо Точко, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.

- Advertising -

Од Центарот за јавно здравје подготвуваат иницијатива која се однесува на стопанисување со селските водоводи за да се најде начин да се реши овој проблем, а граѓаните да се сигурни во водата што ја пијат. Иницијативата ќе биде доставена до локалните самоуправи на Охрид, Дебар, Дебарца, Струга, Вевчани и Центар Жупа, бидејки најголем проблем е што многу од месните заедни немаат средства за набавка на хлор и за одржување на водоводите.

Поврзани новости