Водата е жолта, ама слободно пијте!

by fokus

Вчера и денес од чешмите на граѓани во Кавадарци, Неготино и Росоман тече жолтеникава вода. Загрижените жители од Тиквешијата уште вчера започнаа да бараат информации за исправноста на водата за пиење на социјалните мрежи, бидејќи ниту една надлежна институција не излезе со соопштение за јавноста.

Сепак денес, од Центарот за јавно здравје Кавадарци информираа дека водата е исправна за пиење, и покрај тоа што е жолтеникава.

Според Центарот за јавно здравје Кавадарци, водата од системот за водоснабдување „Лукар“ била бактериолошки исправна за пиење, и во ниту еден момент во изминативе денови не се појавил сомнеж за неисправност на истата. За секој случај, бил зголемен процентот на хлорирање и се следела состојбата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости