Толку од бесплатното возење во ЈСП

by fokus

Град Скопје информираше дека од утре престанува бесплатното возење во автобусите на ЈСП, бидејќи алармантната ситуација со воздухот, како што велат, е смирена.

-Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината. Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени, се вели во сооштението на Град Скопје.

Тие додаваат дека ќе продолжат со интензивна контрола на градилиштата, а тоа подразбира возилата што излегуваат од градилиштатада имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

 

Поврзани новости