ВМРО-ДПМНЕ: Можно е СДСМ да ја формира новата влада

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со ново километарско соопштение по средбата на Никола Груевски со амбасадорката на Република Турција во земјава, Еркал Кара, со која меѓу другото зборувале за актуелната политичка состојба.

Амбасадорката на Турција Еркал Кара истакнала дека се зборува за можноста за коалицирање на СДСМ со другите партии, на што од партијата и било посочено дека сè е можно, но дека тоа ќе значи трајно напуштање на воспоставениот принцип – победникот кај Македонците да коалицира со победникот кај албанските партии и гласачи.

-Напуштањето на тој принцип би бил иверзибилен процес, процес на кој ќе му нема враќање назад, рекле од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнале дека не треба да се продолжува мандатот на СЈО, како и дека не е точно дека тоа била причината за непостигнување договор за коалицирање со ДУИ.

Главните разлики, според ВМРО-ДПМНЕ, биле околу барањето на ДУИ за измени на законот за употреба на јазиците.

-Во разговорите со ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ беше изрично против воведување на двојазичност на целата територија, а покажавме интерес да се води дискусија околу одредени идеи за унапредувања на законот за употреба на јазиците во оние општини каде живеат етнички заедници различни од македонскта во висина од најмалку 20 осто во рамките на општината, прашање за што исто така имаше многу разлики, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани новости