651
Љубиша Прелетевиќ Бели од движењето „Сарму пробо ниси“, кое ја исмева српската политичка сцена, успеа да собере 10.000 потписи и стана кандидат за претседател на Србија на претстојните избори. Тој синоќа потписите до српската ДИК ги поднесе доаѓајќи со лимузина и трубачи, а потписите беа во бел ковчег.
Пред Државната изборна комисија имаше околу 500 „поддржувачи“ кои скандираа „Одиме во втор круг“, „Аве Бел“, „Бели каде е прасенцето“, „Дај подели ни сендвичи“…
Движењето „Сарму пробо нис“ ја исмева политичката сцена во Србија, но на таков начин на минатогодишните локални избори во Младеновац успееја да освојат 22 проценти од гласовите и сега се советници.