Водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер е убиен во Панама by Фокус 30.09.2022 од Фокус 30.09.2022 526Вечерва во Панама е убиен шефот на озлогласениот црногорски кавачки клан Радоје Звицер, јавуваат српските медиуми.Според првичните информации, Звицер е убиен во изнајмена вила.Истражните тела во Србија се известени за убиството на Звицер, иако конечната потврда ќе ја објави Еуропол.Врз Звицер повеќе пати имаше обиди за убиство.Пред две години се обидоа да го убијат во близина на неговиот стан во Киев, среде бел ден кога отишол да трча.Звицер беше еден од највлијателните луѓе на балканското подземје и шеф на кавачкиот клан.Беше поврзуван со бројни убиства, продажба на дрога и други кривични дела.Се верува и дека тој стои зад ликвидацијата на шефовите на „Шкаљарскиот клан“, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина.Станува збор за одмаздата за продажбата на информации за товар со дрога вреден околу една милијарда евра на ДЕА и ФБИ.Инаку, Звицер поседува и лажен македонски пасош, потсетуваат локалните медиуми. 0 FacebookTwitterPinterestEmail претходна вест Бектеши не се согласува со “Огнената група”: Расте поддршката за ДУИ следна вест (ВИДЕО) Се урна трибина на стадион во Чиле Поврзани новости Косовската полиција пронајде уште еден загинат терорист 25.09.2023 Нов протест пред Влада, се бара правда за... 25.09.2023 Сопругата на Володимир Зеленски не е сигурна дека... 25.09.2023 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, му додели орден... 25.09.2023 Обвинителство бара притвор за двојното убиство во Гевгелија 25.09.2023 Судски совет: Не дадовме мислење за измените на... 25.09.2023 Русија ја ублажи забраната за извоз на гориво 25.09.2023 АРМ ќе добие донација од над 70 возила... 25.09.2023 Украина тврди дека го убила командантот на руската... 25.09.2023 Д-р Пановска Ставридис: Немам надлежност во јавните набавки,... 25.09.2023