Бектеши не се согласува со “Огнената група”: Расте поддршката за ДУИ

by Фокус

Министерот за економија Крешник Бектеши не се согласува со таканаречената „Огнена група“ бидејќи, според него, поддршката за ДУИ се зголемува. Воедно, тој на „360 Степени“ потенцираше дека неговиот став за случувањата во ДУИ е ист како оној на Али Ахмети.

-Мојот личен став е сигурно ставот на претседателот Ахмети. Мислам дека претседателот Ахмети детално елаборираше за случувањата во ДУИ во последните неколку дена. Дискусијата продолжува внатре во партијата. Значи мојот став, како и на мнозинството членови на ДУИ, е ставот на господинот Ахмети… Немаше да се согласам, бидејќи ги гледаме и последните анкети, имаше и анкета вчера која беше објавена во јавноста, зголемена е поддршката за ДУИ на национално ниво… Генерално, сите бројки, анкетите покажуваат дека ДУИ е неприкосновена прва партија во албанскиот политички блок – рече Бектеши.

Поврзани новости