(ВИДЕО) Се урна трибина на стадион во Чиле

by Фокус

Страшни сцени можеа да се видат на познатиот стадион „Монументал“ во главниот град на Чиле, Сантијаго.

Навивачите на екипата на Коло Коло се собраа на стадионот пред големото дерби кое в недела ќе се одигра против големиот ривал Универсидад Католика.

Притоа, некои од навивачите се искачија на конструкцијата над трибините, но огромната конструкција падна врз навивачите, од кои многумина се повредени.

Поврзани новости