Водачот на кавачкиот клан Радоје Звицер е убиен во Панама by Фокус 30.09.2022 од Фокус 30.09.2022 635 Вечерва во Панама е убиен шефот на озлогласениот црногорски кавачки клан Радоје Звицер, јавуваат српските медиуми. Според првичните информации, Звицер е убиен во изнајмена вила. Истражните тела во Србија се известени за убиството на Звицер, иако конечната потврда ќе ја објави Еуропол. Врз Звицер повеќе пати имаше обиди за убиство. Пред две години се обидоа да го убијат во близина на неговиот стан во Киев, среде бел ден кога отишол да трча. Звицер беше еден од највлијателните луѓе на балканското подземје и шеф на кавачкиот клан. Беше поврзуван со бројни убиства, продажба на дрога и други кривични дела. Се верува и дека тој стои зад ликвидацијата на шефовите на „Шкаљарскиот клан“, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина. Станува збор за одмаздата за продажбата на информации за товар со дрога вреден околу една милијарда евра на ДЕА и ФБИ. Инаку, Звицер поседува и лажен македонски пасош, потсетуваат локалните медиуми. 0 FacebookTwitterPinterestEmail претходна вест Бектеши не се согласува со “Огнената група”: Расте поддршката за ДУИ следна вест (ВИДЕО) Се урна трибина на стадион во Чиле Поврзани новости Британски „Sky Sport“: Тухел е новиот селектор на... 15.10.2024 Кирби: Нема разговор за заложниците во моментов 15.10.2024 (ВИДЕО Превртено и запалено возило кај мостот Гоце... 15.10.2024 Украински дрон удри во комбе со патници –... 15.10.2024 Нетанјаху и Макрон јавно се навредуваа 15.10.2024 Филипче: Мицкоски мора да каже кој е планот... 15.10.2024 Фатен е бегалец од затвор осуден на казна... 15.10.2024 Мицкоски очекува да се реализираат големи инвестиции во... 15.10.2024 Македoнија ќе остане без судии 15.10.2024 Филипче: СДСМ е консолидирана, во ноември ново раководство... 15.10.2024