(ВО ЖИВО) Втор ден протести против Вучиќ: Не застануваме додека не ја надвикаме тишината на медиумите

by fokus 20:34
20:34

„Протестот против дикратурата“ кој започна вчера во Србија, продолжува од денеска. Неколку илјади граѓани се собраа пред Собранието и продолжија кон Владата.

Тие се незадоволни од претседателските избори на кој победи Александар Вучиќ уште во првиот круг. На протестот можат да се забележат транспаренти „Вучиќ ги украде изборите“.

Засега протестот нема организатор, туку фејсбук група каде почна организирањето. Денеска на таа група беше објавено дека протестите нема да престанат додека нивниот глас не биде чуен и додека не ја надвикаат тишината на медиумите.

Поврзани новости