СДСМ: Македонија веќе се смета за авториратен режим во однос на демократското владеење и слободата на медиумите

by fokus

Тоа што Фридом Хаус во најновиот извештај ја посочува Македонија како држава со најнизок степен на демократија во регионот, е само потврда зошто граѓаните на Македонија избраа промени, реагираат од СДСМ на извештајот на Фридом Хаус.

-Македонија, според извештајот паднала на најниско демократско ниво од 2001 година! Земјава бележи пад во сите категории. Македонија веќе се смета за авториратен режим во однос на демократското владеење и слободата на медиумите. Се намалила независноста на судството, поради, како што се истакнува политичко влијание врз судовите и опструкции во работата на Специјалното јавно обвинителство! Има влошување на корупцијата, поради неказнивост на случаи на сериозна корупција!
Поради ваквите загрижувачки тенденции коишто ја кочат Република Македонија во евро-атлантските перспективи и ги загрозуваат правдата, правото на информирање, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните, мора веднаш да престанат неразумните блокади во Собранието од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така Ѓорге Иванов е должен да не штити криминалци туку да овозможи мирен трансфер на власта, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости