ДУИ наскоро со одлука дали ќе ја напушти владата

by fokus 21:51
21:51

Демократската унија за интеграција треба да излезе со одлука дали ќе ги напушта министерствата со кои раководи, со што би се прекинала целосно коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во која влегоа во 2014 година, пренесува А1Он. Извори од ДУИ брифираат дека одлуката најверојатно ќе се донесе утре, кога се очекува да завршат дебатите на Централното претседателство на партијата.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во петокот кажа дека во оставките го гледаат најбрзиот начин да се деблокира Собранието, чија конститутивна седница утре ќе го добие своето осмо продолжение.

- Advertisements -

-Постои дебатата дека со напуштање на институциите од страна на ДУИ ќе се деблокира состојбата. Од тука, ќе се земат во оптег сите варијанти за да се олесни формирањето на новите институции. Оставка на една третина од министрите според закон и Устав значи паѓање на владата, меѓутоа има контра аргументи дека и паѓање на влада значи останување на функција се до именување на нова влада, рече Османи во петокот.

Поврзани новости