659
Централната прослава по повод Денот на независноста во моментот се оддржува во дворот на Владата.
Граѓаните се забавуваат со диџеј сетот на Огнен Узуновски-Оги, пејачките Тијана и Тамара, кои во придружба на Македонската филхармонија ги изведуваат најубавите македонски шлагери.
Во 20.30 часот, Филхармонијата, под диригентство на Џијан Емин, ќе ја изведе музиката на еден од најдобрите светски диџеи Хуан Аткинс (САД), а во оркестрација на Емин. Овој проект премиерно беше изведен летово во Антички театар во Охрид.
Вечерта ќе ја затвори диџеј Феки Фарис.