Камион натоварен со 18 мигранти излетал кај тунелот Катланово

by fokus
Камион, во кој се превезувале мигранти, вчера излетал од патот Велес-Скопје, кај тунелот Катланово. На повредените им била укажана лекарска помош, а возачот на камионот избегал.

-На 07.09.2018 година околу 13.45 на патен правец Велес – Скопје пред тунел Катланово товарно моторно возило “Ивеко”, во кое имало мигранти излетало од патот. Возачот избегал, а на 18 лица (мигранти) им е укажана лекарска помош во Комплекс клинки “Мајка Тереза ” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости