Министерот за здравство Венко Филипче, денеска одржува прес-конференција, на која се очекува да даде одговори за текот на пандемијата и дали државата успешно се справува со пандемијата.
На почетокот на пандемијата, кон крајот на февруари и почетокот на март, министерот за здравство одржуваше редовни, дневни прес-конференции, на кои ги соопштуваше сите новитети во врска со состојбата со Ковид-19. Но, со почетокот на летото, кога и бројките на заразени се намалија, ја напушти таа пракса, па одговори на најважните прашања, даваше на различни настани.
Откако есенва голем замав зеде епидемијата, со константно високи бројки на новозаразени и починати дневно, луѓето се прашуваа дали повторно ќе се воведе пракса на секојдневни прес-конференции на здравство, а портпаротлот на Владата, Душко Арсовски, на последната прес-конференција, прашан за истото, рече дека размислуваат во таа насока.
Проследете ја прес-конференцијата на министерот во живо: