Продолжува судењето за организаторите на „27 април“, ќе сведочи Заев

by Fokus

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, а како сведок е повикан премиерот Зоран Заев.

На претходните рочишта за упадот и насилствата во Собранието сведочеа поранешни и актуелни пратеници.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

Поврзани новости