ВО ЖИВО: Демонстранти упаднаа во српското собрание, интервенираше полиција

by Фокус

Револтирани граѓани поради одлуката за враќање на полицискиот час во Србија, доцна вечерва излегоа на протест пред зградата на српското Собрание во Белград. Локалните медиуми јавуваат дека дел од нив го пробија полицискиот кордон и влегоа во салата на парламентот. Тоа се случило околу 10.15 часот, но полицијата интервенирала и по петнаесет минути ги избркала демонстрантите од парламентот.

Дел од демонстрантите прскаат вода, а некои фрлале факели за време на пробивот во Собранието. Друг дел лупаат во тенџериња, свират и скандираат „Уапсете го Вучиќ“, Вучиќу лопове“, „Оставки“… Според некои медиуми, кон собраниската зграда се упатиле и студентите.

Инаку, протестот започнал откако доцна попладнево претседателот Александар Вучиќ најави дека ќе се вратат рестриктивните мерки, како забрана за групирање на повеќе од пет лица, но и полициски час во Белград од петок од 18 часот до понеделник до 5 часот наутро. Вучиќ рече дека конечната одлука ќе ја има Кризниот штаб, а неговиот личен став е дека полицискиот час треба да важи за цела Србија.

Хрватски Индекс и други медиуми го емитуваат преносот во живо од Нова

Поврзани новости