Николоски: Ципрас им се смее во лице со цитати од Конески за згазеното семе

by Фокус

Јас Ципрас го разбирам, ќе остане запаметен веројатно во грчката историја како еден од најпозитивните ликови во делот на националните интереси на Грција, изјави денес носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, осврнувајќи се на поддршката што поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас му ја даде на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-Веројатно името ќе му го запишат со златни букви во грчката историја затоа што успеа да го постигне тоа што ниту еден грчки премиер пред него не успеа да го постигнеа, а тоа е да го промени името на оваа држава. Ама нашите овдека од СДСМ и од кај Заев да се радуваат на тој поздрав, да се радуваат тој што ги поздрави, тој пред кој што потпишаа дека капитулираат, па јас мислам дека нема поголемо национално предавство и национален срам. Да е трагедијата поголема им се смее во лице и им цитира песни од Блаже Конески во кои што зборува за згмеченото, за згазеното семе, и за глувото семе кое што рти низ Македонија – рече Николоски.

Тој истакна дека Заев и министерот Никола Димитров се дел од генерација на, како што вели, предавници на националните интереси.

Поврзани новости