363
Во вторник Министерството за финансии повторно ќе се задолжи. Од домашните банки и осигурителни компании ќе земе заем од речиси 24 милиони евра.
Ова ќе биде второ задолжување на домашниот пазар годинава, а трето после еврообврзницата од половина милијарда евра.
Од Министерството за финансии велат дека парите се земаат за да се врати стар долг.
-Од тие објави јасно е дека планираното повлекување на средствата по основ на конкретната аукција на ДХВ е еднакво на она што доспева по истиот основ во периодот кој следи, велат од Министерството за финансии
Според календарот на 24 и на 29 јануари државата треба да врати стар долг од речиси 24 милиони евра.