Во просториите на посебното ОУ „Маца Овчарова“ во Велес денеска се одржаа работилници во рамки на проектот „Другаруваме, спознаваме, учиме напредедуваме“ поддржан и финансиран од Фондација отворено општество, а во реализација на невладината „Порака“ од Велес.
Дефектологот Зага Колодезни од ПОУ „Маца Овчарова“ истакна дека цели на проектот се промовирање на инклузивно образование и инклузивни училишта како стимулативна средина во која се разбираат и прифаќаат учениците со посебни образовни потреби, зголемување на директните контакти меѓу учениците без и со попреченост, обезбедување дополнителна помош во учењето за учениците со посебни потреби преку едуцирање на ученици – тутори и промовирање пракси на квалитетна соработка меѓу училиштата и невладините организации во делот за слободни ученички активности и неформално образование.
Во проктот се вклучени сто ученици од пет основни општински училишта во градот, на возраст од 10-12 години и учениците од ПОУ „Маца Овчарова“.
Проектот се реализира од март до август, со поддршка од градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски, директорите на петте основни општински училишта во општина Велес и директорот на ПОУ „ Маца Овчарова“ од Велес.