Ахмети сам ќе одлучува кои министри ќе останат во владиниот кабинет, а кои ќе си одат

by Fokus

Лидерот на ДУИ Али Ахмети сам ќе одлучува кои министри ќе останат во владиниот кабинет, а кои ќе си одат, пренесува Телма. Централното претседателство му дало одврзани раце за преговорите со Премиерот Заев околу најавената реконструкција и можноста за проширување на парламентарното мнозинство.

Премиерот Зоран Заев досега во неколку наврати најави дека владината реконструкција ќе се случи наскоро.

-Ги правам последните консултации. На разрешувањата треба веднаш да им следуваат и новите именувања. Затоа овој процес не е толку едноставен. Пакетот мора да биде спакуван комплетно. Сакам да напоменам дека реконструкцијата се појавува како потреба и од намерата да го зголемиме и зајакнеме парламентарното мнозинство. Со зголемувањето на парламентарното мнозинство се отвора и шансата за промени таму каде што нема резултати. За мене е сосема логично некој што не може да испорача резултати да биде разрешен или сам да се повлече. Можеби тие луѓе се покорисни на некои други позиции – тврдеше во неколку изјави премиерот Заев.

Поврзани новости