Неколку улици утре ќе бидат без струја

by fokus

Без електрична енергија утре од 08:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од дел од булевар „Србија“  и дел од улица „Мите Богоевски“, во општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот е заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улица „Никола Русински“ зграда  број 4, влез 1 и 2, во општина Карпош.

Без струја од 12:00 до 14:00 часот ќе бидат и  корисниците од улиците 155, 157, 397 и  Поликлиника Бит Пазар со објектите во  нејзината околина, во општина Чаир.

Поврзани новости