Во Унгарија откриен новиот вид на корона вирусот

by fokus

Во Унгарија е откриен новиот, позаразен вид на коронавирус, кој првично е регистриран во Велика Британија, изјави денеска унгарската висока здравствена претставничка Сесилија Милер.

Таа потенцира дека новиот вид е откриен во примероци земени од тројца пациенти.

– Новата мутација е веќе откриена во соседните земји. Беше очевидно дека Унгарија нема да може да ја избегне, истакна Милер.

Поврзани новости