Во Турција тензии меѓу власта и медицинските работници за бројот на заразени од Ковид-19

by fokus

Турција бележи пораст на бројот на нови заразени со Ковид-19, што доведе до тензии меѓу медицинските работници и политичарите, кои го обвинија Националното здружение на здравствени работници дека со сомнежот во официјалните бројки на пандемијата ги подрива напорите за нејзино сузбивање.

Во земјата досега се регистрирани 30.000 заразени со корона, а вкупниот биланс на починати е околу 7.400.

Во последно време во земјата дневно се бележат повеќе од 1.600 новозаразени и 60 починати, што сепак е помалку отколку на врвот на пандемијата во април, но просечниот број на починати од Ковид-19 сега е три пати поголем отколку во периодот меѓу јуни и август.

Многу лекари во Турција тврдат дека статистиката за бројот на заразени и починати не се води на транспарентен начин и дека бројките се многу повисоки. Лекарите во Турција носеа црни панделки оваа недела во спомен на нивните мртви колеги, а протестот вклучува кампања на социјалните мрежи со порака до владата: „Вие не знаете како да управувате со кризата: исцрпени сме“.

Ваквите реакции на медицинските работници наишле на жестоки критики кај власта, па министерот за здравство, Фахретин Коџа побарал нивното здружение да биде укинато.

Поврзани новости