Пендаровски со писмо до Вартоломеј бара да го употреби своето апелационо право и да ја признае МПЦ-ОА

by fokus 09:03
09:03

Претседателот Стево Пендаровски испрати писмо до Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх, Вартоломеј, по повод почетокот на Новата црковна година и во него побара тој да го искористи своето апелационо право и да ја признае Македонската православна црква-Охридска Архиепископија.

Тој го информира Вартоломеј дека како држава, изминативе три години, „решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања“.

- Advertising -

-Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода. Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот, напиша шефот на државата.

Поврзани новости