Родилка и бебе починале на Гинекологија

by fokus 23:44
23:44

Родилка и бебе починале на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Случајот за „Фокус“ го потврди и директорката на Гинекологија, Викторија Јовановски.

Според првичните информации од Клиниката, родилката на која ова и било 12-та бременост и досега имала шест абортуси и шест раѓања, вчера дошла на Клиниката каде и било направено Це Те Ге. Лекарите и рекле да се врати за еден час за да и направат пак Це те ге, но жената се вратила по три-четири часа.

- Advertising -

Кога се вратила на Клиника родилката веќе прокрварела, плодот бил мртов и и бил направен царски рез. Родилката починала вечерва, а повеќе детали од Клиниката најавуваат за утре.

 

Поврзани новости