Во Турција приведени 20 странци за поврзаност со ИД

by Fokus

Турската полиција привела 20 странски државјани осомничени за врски со Исламска држава, јави агенцијата Анадолија.

Aгенцијата соошти дека антитерористичката полиција денеска апсела осомничени во главниот град Анкара.

Засега нема податоци за нивната националност, јавуваат американските медиуми.

Веста за апсењата следи откако САД вчера соопштија дека лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, е убиен во акција на американските специјалци на северот од Сирија

Поврзани новости