Тодоров: Василевска работи контра стратешките цели на државата и го нарушува угледот на ВМРО

by Фокус

Поранешниот функционер во ВМРО-ДПМНЕ и министер за образование и здравство, Никола Тодоров, го повика партискиот лидер Христијан Мицкоски да ја разреши Иванка Василевска од Извршниот Комитет и да поведе дисциплинска постапка за нејзино исклучување од партијата, поради нејзиното интервју во кое вели дека земјава треба да размисли за сојуз со Србија доколку биде принудена на федерализација..

-Како долгогодишен член и функционер на ВМРО ДПМНЕ, неправедно исклучен поради јавно искажан збор и борба за остварување на стратегиските цели на партијата и државата, испровоциран од интервјуто на г-ѓа Иванка Василевска, ги повикувам и апелирам веднаш да ги свикаат надлежните тела на партијата и без одлагање да ја разрешат г-ѓа Иванка Василевска од функцијата член на ИК на ВМРО- ДПМНЕ, како и да поведат дисциплинска постапка за нејзино исклучување од партијата, бидејќи делува и работи спротивно на стратегиските цели и интереси и на партијата и на државата. Ова, од причина што Василевска со посоченото интервју сериозно го наруши угледот и реномето на ВМРО-ДПМНЕ, како дома така и во странство“, изјави Тодоров за Дојче веле.

Инаку, Василевска изрази воодушувањето кон српскиот претседател Александар Вучиќ поради неговата политика на неутралност и воедно истакна дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски направил стратешка грешка со признавањето на Косово, бидејќи така, како што вели таа, ја загубил Србија.

Поврзани новости