571
Руски товарен брод потона крај брегот на турската црноморска провинција Бартин, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, најмалку пет лица се спасени, а две лица загинаа. Од руската Амбасада во Анкара за Тасс изјавија дека дипломатите работат на утврдување на судбината на екипажот, а причината за несреќата засега е непозната.
На бродот имало 13 лица, сите руски државјани. Како што се наведува, временските услови во регионот се многу лоши и спасувачките екипи имаат проблеми со пловењето.