Немири на големиот протест против рестриктивните мерки во Виена, приведени 23 лица

by fokus

Австриската полиција уапси 23 лица и поднесе кривични пријави против повеќе од 300 демонстранти кои вчера во Виена протестираа против мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

Полицијата денеска соопшти дека демонстрантите на вчерашниот протест не ги почитувале правилата за држење растојание и носење маски. Шестмина од приведените се обвинети и за пружање отпор кон властите.

На протестот присуствуваа околу 10.000 лица, вклучувајќи и членови на десничарската политичка сцена во земјата. Собирот почна мирно, но подоцна прерасна во насилство.

Медиумските известувачи од настанот соопштија дека некои од демонстрантите им се заканувале со насилство. Меѓу учесниците на митингот беше и крајно десничарскиот австриски политичар и поранешен вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе.

Австрија ќе го продолжи „локдаунот“ за уште две недели, до 8 ноември, изјави канцеларот Себастијан Курц, објаснувајќи дека тоа е потребно поради ширењето на новиот позаразен вид на коронавирус.

Поврзани новости