Во тек координација за референдумот, Димитров ниту денеска нема да реферира пред пратениците

by fokus 10:15
10:15

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ниту денеска нема да го даде своето излагање пред пратениците на Комисијата за надворешна политика. Второто продолжение на оваа седница кое требаше да започне во 9.45 часот, е одложено за во среда.

Како што информираат собраниските служби седницата се презакажува поради одредени собраниски обврски поврзани со координацијата на пратеничката група, во врска со најавената пленарна седница за утврдување на референдумското прашање во однос на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

- Advertisements -

Претходно седницата на оваа Комисија беше одложувана затоа што претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, бараше до пратениците да се достава класифицирани информации испратени од кабинетот на Иванов, во врска со две лидерски средби меѓу државниот врв во Вила Водно.

Поврзани новости