Во судница се пуштаа снимки од 27 април, но не се гледаше претепувањето на Села

by Fokus 13:16
13:16

Снимки од упадот во Собранието што се случи пред точно една година, се презентираат денеска во Кривичниот суд, на судењето за обидот за убиство на Села.

До овој момент се гледаа две снимки обезбедени од камерите од Собранието, а поставени пред влезот во прес салата, што значи дека досега не се виде ниту еден момент од нападот на Села.

Од овие снимки можеше да се види кој се влегол во прес салата, а обвинителот Дарко Јакимовски ги посочуваш обвинетите, но и сведоците.

На почетокит на снимката во ходникот нема многу луѓе, а пред вратата стои Сашо Тасевски, обезбедување на Оливер Спасовски. Тогаш се гледаа и првиот физички контакт, односно Тасевски добива удар од луѓето кои надоаѓаат, а дел се со фантомки на главите. Потоа надојдената толпа се повлекува. По неколку секунди повторно се собираат луѓе, кои во некои моменти стануваат и агесивни, бидејки се забележува како летнува на подот сефот на собраниското обезбедување.

Моментот на влегување на толпата во прес центарот не е забележан, туку се гледа само како голем број на луѓе се движат во двата правца, кон и надвор од прес центарот, каде што се случи нападот врз пратениците. Кога толпата навлезе во прес центарот, дел од пратениците и новинарски екипи се забележуваат како успеваат да излезат, односно во последен момент да се спасат од нападот кој се случил потоа. Во еден момент еден од толпата успева да ја помести камерата по што се намалува аголот кој се снима, односно половина од снимката е бел ѕид.

Набрзо следува изнесувањето на Села од прес салата, но поради намалениот агол на камерата, се гледа само еден мал дел од овој клучен момент. Сепак обвинителот препозна дел од обвинетите кои го носат Села.

Еден од обвинетите, кога покрај него го носат Села, замавнува со ногата, но не може да се види дали го удрил пратеникот или дали воопшто некој друг удрил. Потоа некој повторно ја поместува камерата и аголот целосно се губи.

По кратка пауза судот ке продолжи со презентирање и на останатите снимки кој ги поседува обвинителството.

В.В.

Поврзани новости