Во судница ќе одекнат 11 бомби за случајот Топлик во кој обвинет е Миле Јанакиески

by Fokus

Единаесет бомби на СЈО во секој моментот се очекува да одекнат на денешното судење за случајот Топлик, во Кривичниот суд.

Адвокатите на обвинетите, меѓу кои и Миле Јанакиески бараа јавноста да се исклучи во моментот на слушање на прислушуваните разговори, но судијата Осман Шабани го одби ваквиот приговор.

-Во слуцајот се штити јавниот интерес на граѓаните кој има предност пред личниот, но и со нивно објавување нема да се наруши приватноста на обвинетите, рече судијата Шабани.

Овие бомби, односно прислушувани разговори, досега не се објавени јавно.

В.В.

Поврзани новости